Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ромските политички лидери сложно за прв пат застанаа зад Стево Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
romi-lideri

Вчера во Општина Шуто Оризари се одржа заедничка Прес конференција на ромските политички лидери. Тие на претстојните претседателски избори, за прв пат, ќе работат здружено и во поддршка на натпартискиот Претседателски кандидат Стево Пендаровски.

— реклама —

„Прво, носени од концептот на помирување и соживот во едно мултиетничко општество и опкружување дојдовме до заклучок дека делбите и раздорот меѓу нас ќе донесе поголема штета за ромскиот народ во нашата земја. Па, оттука како претставник на владејачката партија во Република Северна Македонија, имав морална и професионална обврска да го вратам единството во ромскиот политички сектор во интерес на нашата заедница. Второ, сметам дека е доста од поделби и делби. Доаѓа нова ера, живот за сите, сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, заслужуваат стабилна економија, континуирано вработување, повисоки плати, квалитетно здравство и решено станбено прашање. Нашите деца треба да бидат вреднувани по нивниот труд, а не по нивната кожа“, нагласи во дел од своето излагање градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

На прес-конференција свое излагање имаа и Амди Бајрам, Самка Ибраимовски и Неждет Мустафа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања