Промени тема
Контакт

Роналдо одговори на гласините за раздор во соблекувалната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
563795_epa-roberto-bregani-kristijano-ronaldo-epa_ls

Полемиките околу улогата на Кристијано Роналдо во португалската репрезентација добија ново продолжение по ремито против Конго (1:1) на Светското првенство и шпекулациите за наводно незадоволство во соблекувалната.

Дел од јавноста го критикуваше настапот на искусниот напаѓач, оценувајќи дека неговата игра е премногу индивидуална и недоволно вклопена во тимскиот систем на селекторот Роберто Мартинез.

Дополнително внимание привлече изјавата на играчот за врска Жоао Невеш, кој истакна дека во националниот тим кон Роналдо се однесуваат како кон секој друг фудбалер.

„Сите знаеме што направил за репрезентацијата, но во моментов и тој е само уште еден соиграч што треба да му помогне на тимот. Не е поразличен од останатите и ќе придонесува како и сите други“, изјави Невеш.

— реклама —

Неговите зборови предизвикаа бројни толкувања во медиумите и меѓу навивачите, кои ги поврзаа со можни нарушени односи во соблекувалната.

Набргу потоа, Роналдо се огласи на Инстаграм, објавувајќи фотографија од натпреварот со пораката: „Фокусирај се на она што можеш да го контролираш“.

Подоцна, португалскиот капитен објави и заедничка фотографија со соиграчите, придружена со кратката порака: „Секогаш обединети“, со што испрати сигнал дека тимот останува сплотен.

Во дебатата се вклучи и колумнистот на португалскиот весник „А Бола“, Нуно Сараива, кој оцени дека е време да се размислува за нова ера во португалскиот фудбал и за постепено повлекување на легендарниот напаѓач.

И покрај тоа што има 41 година, Роналдо и понатаму е една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Во својата кариера настапуваше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, а моментално го носи дресот на Ал Наср.

— реклама —

За репрезентацијата на Португалија има одиграно 229 натпревари, постигнато 143 голови и запишано 46 асистенции, што го прави еден од најефикасните фудбалери во историјата на националните селекции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања