Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

РСБСП: Возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
njemac-traktor1

Во овие есенски денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот итн., бројот на земјоделски возила (трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот) значително се зголемува, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП), во рамки од кампањата „Безбедно на трактор“.

Возењето трактори претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај, бидејќи незгодите во кои што учествуваат земјоделски возила најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети.

— реклама —

Статистичките податоци покажуваат дека: Секоја година по неколку возачи на трактор и патници на трактор или приколка го губат животот во сообраќајни незгоди. Во првите шест месеци од 2020 година, еден возач на трактор го загубил животот, а во сообраќајна незгода се повредени 12 лица. Во летниот период од 2020 година, според неофицијални податоци на РСБСП, двајца возачи на трактор го загубиле животот.

— реклама —

РСБСП посебно апелира до возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.

— реклама —

Искуството од теренот и податоците од станиците за технички преглед на возила покажуваат дека голем број на возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола, како и дека голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини учествуваат во сообраќајот нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни.

Во рамки на кампањата „Безбедно на трактор“, РСБСП во соработка со МВР, организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоресцентни налепници, триаголници и ротациони светла.

РСБСП реализира и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел подигнување на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор итн.

Реализацијата на оваа кампања ќе придонесе за повисока сообраќајна едукација на возачите на трактори, приколки, мотокултиватори и останатите учесници во сообраќајот, како и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања