Русија е изложена на ризик „да стане кинески сателит“, а Кина е „единствената земја која има територијални претензии кон Русија“, вели рускиот шахист Каспаров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-09-03-at-08.53.29

Војната во Украина е само еден елемент од глобалната војна на „слободниот свет против диктатурите“, предупреди Гари Каспаров, познатиот руски шахист и активист против Кремљ.

— реклама —

Каспаров зборуваше на Бледскиот стратешки форум што се одржува во понеделник и вторник во словенечката туристичка дестинација.

Зборувајќи за руската агресија врз Украина, познатиот шахист со хрватски пасош рече дека линиите на конфликтот во таа војна биле „јасни од самиот почеток“: диктатура и тиранија од една страна и либерално демократско уредување од друга страна.

— реклама —

„Војната во Украина е најважната, но само еден од многуте елементи на оваа глобална војна против слободниот свет“, рече Каспаров.

Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на рускиот претседател Владимир Путин и за „опстанокот на корумпираната, морално банкротирана мафијашка структура која денес ја претставува руската влада“, рече тој.

Денес рускиот режим дојде до точка кога војната е единствениот начин да се остане на власт, смета Каспаров.

Тој нагласи дека „демократскиот свет“ денес има огромна воена и економска предност, но „нема политичка волја да ја искористи“.

„Путин има план, Кина има план, исламистичките радикали имаат план, но слободниот свет нема. Влијанието на рускиот претседател денес може да се види низ светот, од Николас Мадуро во Венецуела до Северна Кореја“, рече тој.

Каспаров смета дека денес Русија е изложена на ризик „да стане кинески сателит“, а Кина е „единствената земја која има територијални претензии кон Русија“ и тоа е околу 1,5 милиони квадратни километри, „од Владивосток до Бајкалското Езеро“.

Познатиот шахист рече дека „Кина со големо задоволство ја следи оваа војна бидејќи ја ослабува и Русија и слободниот свет“, а таа е надвор од фокусот.

Каспаров се уште не ја гледа стратегијата на демократскиот дел од светот за победа на Украина.

Таа победа мора да вклучува целосно враќање на освоената територија, вклучително и Крим, воени репарации и гонење на воените злосторства, рече тој.

„Мораме да го убиеме империјалниот вирус во Русија. Тоа можеме да го постигнеме само со враќање на украинското знаме во Севастопол“, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања