Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја суспендираше Русија од сите големи меѓународни натпреварувања во наредните четири години.
Тоа значи дека руските знаме и химна нема да бидат дозволени на настани како Летни олимписки игри 2020 во Токио и Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Руски спортисти, сепак, ќе можат да учествуваат под неутрално знаме, но само доколку докажат дека се чисти од допинг.
Русија има можност да поднесе жалба во наредните 21 ден.
Таа се наоѓа под суспензија од големите натпреварувања од 2015 година, но 168 руски спортисти настапија под неутрално знаме на последните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.
фото: The Straits Times