Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија формира нова воена гранка, Путин зборува за масовни пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
putin-vojna

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека интересот за приклучување кон руската армија е толку голем, што Министерството за одбрана било принудено да воведе селекција на кандидатите.

— реклама —

Во телевизиско обраќање, Путин изјави дека повеќе од 400.000 лица лани доброволно стапиле во воена служба, нагласувајќи дека пријавите „буквално го преплавиле“ одбранбениот систем.

— реклама —

Според него, особено голем е интересот за служба во новоформираната гранка на руската армија задолжена за бесpilotни системи, односно за војување со дронови. Поради тоа, како што тврди Путин, Министерството за одбрана спроведува конкурсен и селективен процес за избор на кадар.

Рускиот претседател истакна дека меѓу пријавените има значителен број млади луѓе и студенти, од кои дел земале академски одмор за да се приклучат како оператори на дронови.

— реклама —

Русија во јуни годинава официјално формираше нова самостојна воена гранка под назив Сили за бесpilotни системи, специјализирана за употреба на дронови и автономни технологии во војната во Украина.

— реклама —

Тврдењата на Кремљ за масовна доброволна мобилизација доаѓаат во период кога руските воени активности продолжуваат по целата линија на фронтот, додека независни извори и западни аналитичари редовно ги оспоруваат официјалните податоци од Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 20 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања