Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Русија ги казни Телеграм и Гугл со вкупно 270.000 евра поради недозволена содржина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
woman-using-smartphone-technology

Рускиот суд во Москва ги казни Телеграм и Гугл со вкупно околу 270.000 евра поради непочитување на обврската за отстранување содржини што се забранети во земјата.

Одлуката во средата ја донесе Окружниот суд Тагански, постапувајќи по тужби поднесени против двете технолошки компании.

— реклама —

На Телеграм му е изречена глоба од 18,4 милиони рубљи, што е околу 191.000 евра, додека Гугл е казнет со 7,6 милиони рубљи, односно приближно 79.000 евра.

Судот оценил дека платформите не го почитувале рускиот закон, кој наложува отстранување на содржини што се сметаат за забранети.

— реклама —

Ова не е првпат руските власти да преземаат санкции против големи интернет-платформи. Поради слични прекршоци и непочитување на домашното законодавство претходно биле казнувани и Инстаграм, Јутјуб, Икс и ТикТок.

— реклама —

Во исто време, руските власти и натаму ја одржуваат забраната за пристап до Телеграм на територијата на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Telegram-4567543

Apple привремено го отстрани Telegram од App Store

Технологија | пред 1 седмица

Telegram-4567543

Основачот на Телеграм тврди дека Русија е виновна за проблемите со платниот систем

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2024-08-25-at-09.26.21

Русија отвори истрага против основачот на „Телеграм“ за „помагање терористички активности“

Свет | пред 5 месеци

Telegram-4567543

Телеграм ги отфрлa руските тврдења: Странски служби немаат пристап до пораките

Технологија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања