Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија ја менува методологијата на анкетите по падот на рејтингот на Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
h_57503169

Руската државна агенција за испитување на јавното мислење ВЦИОМ соопшти дека ја менува методологијата на своите неделни анкети за поддршката на претседателот Владимир Путин, откако на почетокот на 2026 година беше забележан остар пад на неговиот рејтинг, објави „Киев индепендент“.

— реклама —

Според податоците на ВЦИОМ, поддршката за Путин паднала за 12,2 процентни поени меѓу крајот на декември и крајот на април и достигнала 65,6 проценти, што е најниско ниво од почетокот на војната во Украина.

— реклама —

Досегашните анкети се спроведуваа исклучиво телефонски, преку случаен избор на мобилни броеви. Од мај, ВЦИОМ преминува на комбиниран систем – половина од испитаниците ќе бидат анкетирани телефонски, а другата половина преку лични разговори „од врата на врата“.

По воведувањето на новата методологија, рејтингот на Путин за периодот од 4 до 10 мај порасна на 66,8 проценти, што е прв раст од декември 2025 година.

— реклама —

Претставникот на ВЦИОМ, Владимир Мамонов, изјави дека во последно време недостасувале испитаници од одредени возрасни групи во телефонските анкети.

— реклама —

Од агенцијата наведоа и дека ограничувањата во комуникацијата и филтрите против несакани повици значително ги отежнале телефонските истражувања, поради што граѓаните станале повнимателни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Литванскиот претседател предупредува: Путин сè почесто ги тестира границите на НАТО

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Свет | пред 1 седмица

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања