Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија ја нападна Украина: Петмина загинаа, меѓу нив и 13-годишно девојче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarydvhgim5ci2jv4n8B9t1

Најмалку пет лица, меѓу кои и 13-годишно девојче, загинаа, а 32 се повредени во денешниот руски напад врз градот Суми во североисточна Украина, соопштија локалните власти.

Според информациите, руските сили употребиле три наведувани авионски бомби, кои погодиле цивилна инфраструктура. Две од бомбите паднале во прометен дел од градот, а едната експлодирала во близина на автобуска станица, каде што животот го загубило девојчето. Третата бомба погодила инфраструктурен објект.

— реклама —

Украинското обвинителство соопшти дека е отворена истрага за можно воено злосторство поради нападот врз цивилни цели.

Покрај девојчето, загинале уште тројца мажи, додека петтата жртва подоцна им подлегнала на повредите во болница.

— реклама —

Меѓу 32-та повредени има и три деца, а регионалниот гувернер Олег Хрихоров изјави дека петмина од повредените се во критична состојба.

— реклама —

Спасувачките екипи сè уште работат на терен, додека властите ја проценуваат материјалната штета. Оштетени се станбени згради, салон за автомобили, бензинска пумпа, ресторан и повеќе возила. Граѓаните се повикани да останат во засолништата поради опасност од нови напади.

Нападот врз Суми следува само неколку часа по масовниот ноќен руски воздушен напад врз Украина, во кој, според украинските воздухопловни сили, биле употребени шест балистички ракети, шест други проектили и 121 беспилотно летало.

— реклама —

Според украинските власти, во руските напади низ земјата во последните 24 часа загинале најмалку 10 лица, а најмалку 80 биле повредени.

Русија во последниот период сè почесто користи наведувани авионски бомби за напади врз градови во близина на линијата на фронтот, особено во Сумската, Харковската и Доњецката област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања