Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 41 минута -

Свет
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина, лансирајќи балистичка ракета и 162 дрона, од кои украинската противвоздушна одбрана пресретнала 135. Напади биле регистрирани на 19 локации, соопшти украинското воздухопловство.

Меѓу целите била и термоцентралата Трипиља во Киевската Област. Украинската државна енергетска компанија „Центренерго“ предупреди дека оштетувањата на објектот може да имаат исклучително сериозни последици за енергетскиот систем на земјата. Точниот обем на штетата сè уште се утврдува.

— реклама —

Според украинската војска, Русија употребила балистичка ракета „Искандер-М“, како и дронови „Шахед“, „Гербера“ и мамки „Пародија“. Остатоци од пресретнатите летала паднале на уште девет локации.

— реклама —

Од „Центренерго“ наведуваат дека руската тактика се менува и дека во краток период се употребуваат различни видови оружје против иста цел. Термоцентралата Трипиља се наоѓа на помалку од 30 километри јужно од Киев, а во април 2024 година беше целосно уништена во руски напад, по што компанијата го загуби целиот производствен капацитет.

Во меѓувреме, украинска делегација предводена од Рустем Умеров започна разговори со европски и американски претставници во Абу Даби, во пресрет на продолжувањето на мировните преговори меѓу Украина, Русија и САД.

— реклама —

На средбата учествуваат претставници на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, НАТО и Европската комисија, како и американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

— реклама —

Умеров посочи дека приоритети на Украина се прекинување на воените дејствија, безбедносни гаранции, економско закрепнување и хуманитарни прашања. Во разговорите ќе се разгледува и можноста за засилување на размената на воени заробеници.

Киев инсистира европските земји да бидат вклучени во мировниот процес, особено во разговорите за безбедноста на континентот. Преговорите предводени од Вашингтон се во застој од почетокот на годината поради несогласувањата околу територијалните прашања. Москва бара украинските сили да се повлечат од Донбас, делумно окупиран регион во источна Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 15 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања