Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Русија ја одобри првата mRNA вакцина против рак за лекување на меланом

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
korona-kovid-vakcina-vakcinacija
Илустрација

Русија соопшти дека ја одобрила првата mRNA антитуморска вакцина за лекување на меланом, наменета за возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски карцином на кожата.

— реклама —

Како што објави Националниот медицински истражувачки центар за радиологија, вакцината е развиена во соработка со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, а ќе се применува во комбинација со инхибитори на имунолошките контролни точки (ICI). Кај одредени пациенти ќе може да се користи и како дополнителна терапија по хируршко отстранување на метастазите.

— реклама —

Терапијата се базира на индивидуалниот генетски профил на туморот на секој пациент. На тој начин, имунолошкиот систем се „обучува“ да ги препознава и уништува клетките на туморот, при што се намалува оштетувањето на здравото ткиво.

— реклама —

Според информациите објавени од рускиот центар, вакцината е наменета за пациенти кај кои меланомот се вратил по претходен третман, за новодијагностицирани пациенти со меланом во стадиум IIB–IV кај кои е планирана операција, како и за лица со далечни метастази, но без метастази во мозокот, кои претходно не примиле медикаментозен антитуморски третман.

— реклама —

Руските власти наведуваат дека ова е прво одобрение за ваков тип mRNA антитуморска вакцина, која би можела да отвори нови можности во персонализираното лекување на пациентите со меланом.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 16 часа

— реклама —
vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 1 ден

media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања