Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија ја затвори клучната поморска рута по масовните украински напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryeun63kl0j0r6cjCRZWV

Русија ја суспендираше пловидбата во Азовското Море откако украински дронови во изминатите неколку дена извршија серија напади врз десетици пловила на овој стратешки поморски коридор.

— реклама —

Командантот на украинските сили за беспилотни летала, Роберт Бровди, соопшти дека во текот на ноќта биле погодени десет танкери, четири траекти и голема рафинерија за нафта во рускиот град Сизрањ. Според него, биле изведени и напади врз трафостаници на окупираниот Крим.

— реклама —

Жителите на Сизрањ пријавиле силни експлозии и голем пожар во рафинеријата, додека руските власти потврдија дека се запалил еден танкер при влез во каналот што ги поврзува Азовското и Црното Море. Локални руски канали објавија и за две големи излевања на нафта во близина на брегот кај Таганрог.

Азовското Море е од клучно значење за Русија, бидејќи преку него се транспортираат нафта, жито и други стоки кон светските пазари. Москва веќе ја запре и пловидбата низ каналот Дон–Азов, со што дополнително е ограничен поморскиот сообраќај во регионот.

— реклама —

Украинските власти наведуваат дека нападите се дел од поширока стратегија за нарушување на руската воена логистика, снабдувањето со гориво и транспортните правци кон окупираниот Крим.

— реклама —

Во меѓувреме, продолжуваат и руските напади врз Украина. Во текот на ноќта, најмалку три лица загинаа во Дњепропетровската област, а едно лице го загуби животот во напад со дрон врз Херсон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања