„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Русија ќе проверува дали Американците навистина слетале на Месечината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Додека во САД, но и во остатокот од светот се поголема популарност добиваат теориите на заговор, се чини дека во Русија одлучиле да ја проверат нивната точност, барем кога станува збор за тоа дали човекот слетал на Месечината.

— реклама —

Директорот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео во кое говори како Русија ќе провери дали астронаутите од САД навистина отишле на Месечината, објави агенцијата АП.

Американските астронаути слетаа на Месечината во 1969 година, a се чини дека Рогозин во поставената објава се шегува, бидејќи додека говори се смее и ги спушта рамената. Рогозин, всушност, одговараше на прашање дали слетувањето на Месечината навистина се случило.

— реклама —

Во САД има голем број на теории на заговор за тоа дали навистина НАСА слетала на Месечината, додека пак во Русија широко распространето е мислењето дека тоа не се случило.

Засега не е јасно на кој начин Русите ќе ја проверат точноста на оваа теорија на заговор, ниту пак кога тоа ќе се случи.

Инаку, Русија ја прекина својата програма за слетување на Месечината во седумдесеттите години на минатиот век.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања