Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Русија криела дека лекувале луѓе од радијација, 60 лица од болницата во опаснсот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
1-radijacija-blizu-chernobila

Руските власти скриле дури и од лекарите во регионалната болница Архангелск дека трите жртви од експлозијата на местото Нинокса примени на лекување биле изложени на радиоактивно зрачење.

— реклама —

Еден од лекарите детектирал цезиум-137 радионуклид во мускулното ткиво. Околу 60 припадници на болничкиот персонал ќе бидат пратени на испитување во Москва, пренесува The Moscow Times.

На 8 август, при неуспешен тест на ракета со нуклеарен мотор се случи експлозија, по што радијацијата во реонот се зголеми најмалку 16 пати над дозволеното ниво. Според различни извори, меѓу 7 и 15 лица загинале, но точниот број не може да се знае, бидејќи властите кријат информации.

— реклама —

Трите жртви биле пренесени во болница голи, сместени во проѕирни пластични кеси. Иако

пациентите биле во сериозна состојба, медицинските лица не биле информирани за околностите во

кои се здобиле со повредите, освен дека имало експлозија на воено место.

Извори велат дека е направен обид да ги евакуираат во Москва, но двајца починале на патот кон

аеродромот.

Лекарите зборуваат дека станува збор за зрачење, но никој не сака да потврди. Според руски медиуми, тимот за лекување подоцна добил оловони престилки, но ниту тие не се сигурна заштита.

-Персоналот бил шокиран, изјавил лекар за „Москва Тајмс“, наведувајќи дека болницата е цивилна, а не воена. Болнички извори велат дека собите во кои престојувале жртвите подоцна биле третирани против

радиоактивно загадување.

Портпарол на „Нордик њуз“ тврди дека приемниот оддел и оперативната единица биле затворени неколку дена поради внесената радиоактивна прашина. Лекарите кои оствариле контакт со пациентите потпишале изјави за доверливост, пренесува „Москва тајмс“.

Сите податоци за озрачените пациенти се избришани од записите во болницата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања