Руските власти обезбедија правна основа за гасење на интернетот во земјата, откако законот стапи на сила откако го потпиша Путин. Целта на руската влада е да се создаде инфраструктура за т.н. „суверен“ интернет, како нужна основа за одбрана од надворешни сајбер напади.
Критичарите сметаат дека мерката е чекор кон поголема цензура.
„Државата сега првпат има целосна техничка контрола над интернетот“, рече рускиот кибернетичар, Александар Исавнин, од непрофитната организација против цензура „Роскомсвобода“, за ДПА.
Рускиот интернет систем ќе се насочува преку јазли во земјата, чијашто инфрастуктура ќе започне да се гради. Давателите на интернет услугите мора да инсталираат опрема неопходна за успешна транзиција доколку дојде до потреба.
Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ за странските новинари истакана дека Русија не сака да се исклучи од интернетот, туку дека се подготвува а моќноста Западот да ѝ го исклучи интернетот.
„Сметам дека во следните неколку години практично е неизбежно сценариот за ткн ‘остовизација“ на интернетот, кога земјите кои се стремат да бидат суверени, го прошируваат својот суверенитет и во интернет просторот“, рекол за агенцијата РИА Песков, кој е и специјален претставник на рускиот претседател за дигитален и технолошки развој.