Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Русија не ја смета Македонија за напријателска држава, оти Владата, а не народот ги носи одлуките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
rus-mak

Русија не ја смета Македонија за напријателска држава, тврди министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Според него, има само непријателски влади со помалку пријателски одлуки кои ги носат Владите. Лавров порача дека има пријателски односи со македонскиот народ.

— реклама —

„Нема непријателски држави и народи, има влади кои се непријателски. Владите носат одлуки, кои се помалку пријателски. Многу години одам во Охрид, фантастичен град. Амбасадорот ми кажа дека во Охрид се затворале цркви бидејќи немало доволно луѓе. Кажав дека убаво се чувствувам тука“, кажа Лавров.

Укажа дека се чувствува пријатно кога во прашање е македонскиот народ.

— реклама —

„Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ по улиците, во хотелот. Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас“, додаде Лавров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања