Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија предупреди: Странски сили во Украина ќе бидат легитимна воена цел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ruski-vojnik-rusija-

Русија предупреди дека секое распоредување на мултинационални воени сили во Украина по евентуален мировен договор ќе го смета за закана и легитимна воена цел.

— реклама —

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва не прифаќа распоредување на воени контингенти од таканаречената „коалиција на подготвените“.

— реклама —

„Тоа би значело странска интервенција и дополнителна ескалација на заканите по безбедноста на Русија. Таквите единици ќе ги сметаме за легитимни воени цели“, изјави Захарова.

— реклама —

Изјавата следува откако западните сојузници на Украина на состанок во Париз ја потврдија намерата да формираат мултинационални сили што би биле распоредени по завршувањето на воените дејствија, со цел да помогнат во гарантирањето на безбедноста на Украина и обновата на нејзините вооружени сили.

— реклама —

„Коалицијата на подготвените“, предводена од Франција и Велика Британија, ја сочинуваат 35 држави, а во наредните месеци се планирани и заеднички воени вежби за демонстрација на нивната подготвеност. Во воената парада во Париз по повод националниот празник на Франција учествуваа и украински војници заедно со припадници на земјите од коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања