Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија со масовен напад: Над 660 дронови и ракети врз Украина, има мртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryomots7lcaerb3a4t5ij

Во масовен ноќен напад врз Украина, Русија лансирала над 660 дронови и ракети, при што загинале најмалку четири лица, а повеќе од 30 се повредени, според украинските власти.

— реклама —

Најсилно погоден бил градот Днепро на југоистокот на земјата, каде што, според регионалните власти, две тела биле извлечени од урната зграда, а се стравува дека уште лица се затрупани под рушевините. Во градот се повредени најмалку 21 лице.

Жртви има и во северниот регион Чернихив, каде во нападите со дронови и ракети загинале две лица, а седум се повредени.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „речиси цела ноќ“ траело бомбардирањето, при што главна цел била цивилната инфраструктура.

— реклама —

„Секој ваков напад мора да ги потсети нашите партнери дека ситуацијата бара итна и одлучна акција, особено за зајакнување на противвоздушната одбрана“, порача Зеленски.

Според украинските воздухопловни сили, во нападот биле употребени 619 дронови и 47 проектили, од кои биле соборени 580 дронови и 30 ракети.

— реклама —

Ова е еден од најмасовните напади во последниот период, во рамки на засилените руски офанзиви кои речиси секоја ноќ вклучуваат десетици дронови, а повремено и напади од голем обем со стотици летала и ракети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања