Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Русија со став: Венецуела да одлучува самостојно за својата иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryve9n1ssonjjobp2cnUK

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поздравува именувањето на Делси Родригез за привремена претседателка на Венецуела, истакнувајќи дека венецуелскиот народ треба сам да ја одредува својата судбина, без надворешно мешање.

— реклама —

Соопштението доаѓа по драматичните настани поврзани со соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој вчера пред федерален суд во Њујорк се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за трговија со наркотици. Мадуро беше уапсен во специјална операција на американските сили, што предизвика силни политички тензии и брзо прегрупирање на политичките актери во Каракас.

Москва порача дека е клучно да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата и нагласи дека ги поздравува напорите на венецуелските власти за заштита на суверенитетот и националните интереси на земјата.

— реклама —

Русија во саботата остро го осуди американскиот напад врз Венецуела, оценувајќи дека изговорите за таа акција се „неутемелени“. Воедно, Москва повика на дипломатско решение на кризата и ја поддржа иницијативата на Венецуела и на неколку лидери од Латинска Америка за итно свикување на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Во сегашната ситуација најважно е да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на изнаоѓање излез преку дијалог“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во меѓувреме, заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека Латинска Америка традиционално се смета за „двор“ на Соединетите Американски Држави и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп настојува да воспостави контрола врз нафтените резерви на Венецуела. Медведев го оцени американското дејствување во земјата како незаконско.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjvv5jjvai9ioe2d55wR

Москва под масовен напад со беспилотни летала, привремено затворени сите аеродроми

Свет | пред 2 седмици

mkd-566762

Москва: Русија продолжува со војната

Свет | пред 1 месец

avion-poletanje-let

Драма на аеродром во Русија: Авион со 335 патници излета од пистата при полетување

Свет | пред 1 месец

1ecd9dc3-b0f6-4ddd-ad9d-9b020d1839b2

Смртоносна експлозија во Москва: осомничен активирал експлозив пред полициска контрола

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања