Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Руска студија носи надеж: Ново соединение успешно против рак на дојка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryld04t4u19jru1cZZcRR
unsplash

Научници од Јужноуралскиот државен универзитет, во соработка со меѓународен истражувачки тим, развиле и тестирале нови соединенија на платина кои покажале ветувачки резултати во лекувањето на рак на дојка.

— реклама —

Според авторите на истражувањето, синтетизираните соединенија покажале висока ефикасност и помала токсичност во споредба со постоечките комерцијални терапии. Истражувачите наведуваат дека новите соединенија би можеле да бидат основа за развој на побезбедни и поефикасни лекови.

„За првпат добивме соединенија кои не само што го сузбиваат растот на туморот туку и го штитат организмот од токсичните ефекти“, изјавила научничката Алена Зикова.

— реклама —

Во центарот на истражувањето било соединението AV1 – јонски комплекс на платина(IV). Тестирањата на клеточни култури од рак на дојка покажале дека AV1 го инхибира растот на малигните клетки двојно поефикасно од широко користен комерцијален лек.

— реклама —

Научниците истакнуваат дека, за разлика од класичната хемотерапија базирана на платина, која често предизвикува сериозни несакани ефекти, новото соединение останува стабилно во крвотокот и се активира директно во клетките на ракот.

Во тестирањата на стаорци со рак на дојка, AV1 покажал силен антиоксидативен и антиинфламаторен ефект, го намалил ширењето на туморот и метастазите, а не биле забележани оштетувања на црниот дроб, бубрезите или срцето.

— реклама —

Во истражувањето учествувале и научници од Институтот „Руѓер Бошковиќ“, како и универзитети од Индија и Саудиска Арабија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 19 часа

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања