Промени тема
Контакт

Руски економист предупредува: „Економијата ќе запре, следува социјална криза“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот економист Андреј Клепач, кој до неодамна беше главен економист во руската државна развојна банка ВЕБ, предупредил дека земјата се движи кон сериозна економска и социјална криза. Според неговата анализа, комбинацијата од војната, високите каматни стапки и растечката зависност од Кина би можела да доведе до стагнација на руската економија.

— реклама —

Клепач уште во мај, на собир на водечки економисти и научници во Москва, оценил дека со актуелната макроекономска политика Русија би можела да се соочи со „социјална криза“, предупредувајќи дека економијата може да запре, а тоа да предизвика незадоволство кај населението.

— реклама —

Особено непријатен за Кремљ е делот од неговата анализа во кој се наведува дека Русија во одредени области технолошки и економски заостанува дури и зад Украина.

— реклама —

Според „Њузвик“, анализата на Клепач била позната во руските структури со месеци пред нејзините детали да станат јавни. Тој продолжил нормално да ја извршува функцијата, но откако извештајот бил објавен во руските медиуми, бил сменет од позицијата.

— реклама —

Списанието оценува дека неговата смена отвора прашање дали за Кремљ поголем проблем претставува самата неповолна економска проценка или фактот што таа станала достапна за јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1aqpod5785q8dxozAus

Русија упати предупредување до странските дипломати во Украина: „Напуштете ја земјата“

Свет | пред 37 минути

— реклама —
media-library80r36j4ah7lscADtZfe

(Видео) Путин следеше воена вежба со 47.000 војници, учествуваа и единици од Кина

Свет | пред 1 час

media-libraryiv8m4tg37906bOUDBUT

Руски хеликоптер Ми-8 се урна кај Воронеж, загинаа тројца членови на екипажот

Свет | пред 1 ден

media-libraryacqkd43ri48p2mOb9DB

(Видео) Нови руски напади врз Киев: Загина едно лице, погодена 25-катница и повторно нападнат Јужниот мост

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања