Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Руски и јапонски научници „разбудија” клетки на мамут

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
mamut

Тим од руски и јапонски научници успеа да разбуди клетки на младата женка-мамут по име Јука, која живеела во Јакутија пред 28 илјади години. Научниците од клетките на мамутицата извлекоа генетски модификации и ги пресадија најзачуваните јадра во јајце-клетки на глувци, објави BBC, повикувајќи се на истражување во магазинот Nature.

Во некои клетки се забележани показатели на биолошката активност која претходи на нивното размножување по пат на делба. И макар што процесот не го достигнал степенот на делба на клетките, научниците се задоволни со постигнатите резултати, објави mk.rbth.com

— реклама —

„Тоа покажува дека, иакo поминале толку векови, клетките и понатаму можат да покажуваат активност и, барем делумно, да ja репродуцираат“, изјави еден од истражувачите Кеј Мијамото.

Мамутицата Јука беше пронајдена во 2010 година на брегот на Лаптевското море во Јакутија. Во почетокот се претпоставуваше дека староста на фосилот е околу 40 илјади години, но подоцна беше коригирана на околу 28 илјади години. Остатоците од мамутот се одлично сочувани поради вечниот лед. На телото на животното се пронајдени засеци направени од човечка рака и траги од повреди од диви животни.

— реклама —

извор:mk.rbth.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања