Научниците успеаја да ја променат насоката на движењето на времето со квантен компјутер во една нова студија која е спротивна на воспоставените закони на физиката. Користејќи електрони и квантна механика, успеале да го вратат времето во експериментот.Истражувачите се од Институтот за физика и технологија во Москва, додека помошни асистенти се колегите од Швајцарија и САД. Експертските стручнаци се фокусираат на развојот на оваа техника, која со текот на времето би можела да биде поефективна и попрецизна.
Овој експеримент не само што би можело да го промени нашето сфаќање и употреба на квантните компјутери и квантната механика, туку и некои закони по физика.
Иако моментална техника е прилично комплицирана, истражувачите се надеваат дека таа со текот на времето би можела да се подобри и да стане посигурна и попрецизна.
“Временска машина” всушност е квантен компјутер кој придвижува електронски ‘’кубити’’. Кубит е збир на информации кои се опишува со броевите еден и нула.
Потоа направија уште една програма со која би се вратил нередот во ред, кој ќе ги врати работите во нејзината првобитна форма. Ова всушност е враќање на кубитот во неговата почетна позиција.
Научниците сфатија дека ако работат со само два кубита, враќањето на времето има 85 проценти шанси за успех. Тие се надеваат дека ќе успеат да го доработат алгоритамот, за да можат да опфатат уште повеќе кубита и да го намалат бројот на грешки, односно да ја зголемат прецизноста.