Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Рускиот истражен комитет отвори предистражна постапка за нападот на Косово врз државјанинот на Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
rusko-mnr

Рускиот истражен комитет отвори предистражна постапка за нападот на Косово врз државјанинот на Русија, вработен во ОН, Михаил Красношченков.

— реклама —

Во утринските часови на 28 мај, наведува Комитетот, косовската полиција упаднала во северните општини на Косово, каде што живеат српски жители и меѓу другите, го уапсила и Красношченков, кој ужива дипломатски имунитет.

— реклама —

Комитетот соопшти дека третманот кон него и неговото апсење од страна на косовските специјални сили претставува безобѕирно кршење на меѓународното право.

Агенцијата пренесе дека истрагата ќе ги опфати сите детали за инцидентот и ќе даде правна процена на акцијата преземена кон Красношченков.

— реклама —

„Апсењето е извршено без оглед на тоа што рускиот државјанин поседува дипломатски имунитет како соработник на ОН. Тоа го сметаме за недопустиво и за акт на уште една провокација од врхушката во Приштина“, наведува во соопштението претставничката од руското МНР, Марија Захарова.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања