„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Руските власти подготвуваат план за ослободување на економијата од доларот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Руската влада подготвува проект за дедоларизација на економијата; за една од три недели треба биде одобрен од премиерот Дмитриј Медведев, тврдат извори за запознаени со текот на проектот.

— реклама —

Засега е познато дека предлог-законот се подготвува врз основа на „точките“ на планот на претседателот на ВТБ банката Андреј Костин, кој тој во јули му го изнесе на претседателот на Русија Владимир Путин, пишува The Bell.

Планот на владата не предвидува воведување на никакви ограничувања ниту забрани. Главниот акцент ќе биде на креирањето можности за пресметки во национални валути, како и на поедноставување на монетарната контрола и либерализација на монетарното законодавство.

— реклама —

Еден од изворите истакнува дека овој план не е резултат на предлогот на Костин, со оглед дека за него се зборува откако 2017 година претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша законот за санкции.

Се наведува дека моменталната цел на дедоларизацијата е премин на трансакции во јуани со Кина, а во евра со ЕУ, додека планирано е пресметките со членките на Евроазиската економска унија да се вршат во рубли.

Планот се разгледува со Централната банка, ВТБ банката и другите големи банки, како и со извозниците.

Нема да бидат воведени никакви принудни мерки спрема претпријатијата заради откажување од доларот. Најважно е да се креираат поволни механизми кои им овозможуваат без вишок загуби да реализираат пресметки во која било валута.

За да се постигне тоа потребно е да се решат голем број технички прашања, меѓу другото да се креираат инструменти на нивото на централните банки кои овозможуваат пристап до ликвидноста во валута на друга земја, избегнувајќи ја притоа потребата таа да се купува на пазарот на валути.

Преговорите за тоа се веќе во тек, но детали не се објавени.

Исто така, се истакнува дека Русија тешко дека сама ќе успее да создаде финансиска инфраструктура која би била отпорна на санкциите на САД, но во овој момент расположението во однос на ова прашање се менува во светот, вклучувајќи ја и Европа.

Претходно прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека процесот на дедоларизација на економијата е долг и комплициран, но дека веќе постои тенденција кон проширување на пресметките во национални валути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања