Првиот човек на Обвинителството за организиран кримианл и коруцпија, Вилма Русковска во изјава за „Дојче Веле“ вели дека по пријавата од претникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, постапува како и за секоја друга. Таа во разговорот со „Дојче веле“ посочува и што му кажала на Милошоски, а раскажала и за паралелата која ја направила со друг случај.
„Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга.Вчера Антонијо Милошоски ме праша каква е понатаму процедурата со аудио-снимката што ја достави. Направив една паралела. Кога Јордан Камчев дојде да поднесе пријава, достави аудио и видео снимки, а при поднесувањето на записникот за кривичната пријава посочи и лица кои би можеле да посведочат за веродостојноста на тоа што тој го кажува. И додека се чекаше вештачењето на материјалите што ни ги достави, лицата што ги посочи беа повикувани да дадат исказ. Му сугерирав и на Милошоски - ако може да посочи сведоци, бидејќи така многу би се забрзала постапката“, вели обвинителката Рускоска.
Првата адуио-снимка која Милошоски ја достави до ОЈО-ГОК е дадена на вештачење.