Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Русковска: Акцијата во Грчец пробиена, нарко босовите во бегство - пронајдена помалку дрога од очекуваното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ruskoska

Цела година двајца јавни обвинители заедно со истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ги следеле двете криминални групи чии членови вчера беа уапсени во голема полициска акција „Планина“ во Грчец и Гази Баба, соопшти денеска шефицата на ова обвинителство Вилма Русковска.

— реклама —

Акцијата за пронаоѓање дрога при сузбивањето на криминалните групи била пробиена во Грчец, а најголемата количина дрога е пронајдена во Гази Баба. Уапсени се 21 лице, шест лица се во бегство, а од нив, пет се главни кои ја воделе криминалната група.

Обвинителката Вилма Русковска кажа дека на локациите каде што знаеле дека има дрога, била отстранета. Најдени се само 800 грама кокаин на двете локации. Меѓу криминалната група има и малолетно лице.

— реклама —

„Немаме доказ дека се меѓусебно поврзани, затоа поединечно беа собирани и доказите. Откако сметавме дека имаме доволно докази за сите лица, се организираше акција за нивно лишување од слобода. Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации, лишени се од слобода 13 лица, од кои за 9 лица има мерка притвор, за три има мерка куќен притвор и за едно лице мерки на претпазливост. Од оваа група, пет лица ни се недостапни. Можете да ја видите шемата, односно организаторите и сите кои одат под нив и нивната меѓусебна комуникација. Во шемата има и едно малолетно лице во криминалната група во село Грчец“, рече обвинителката.

Таа посочи дека фатени се само продавачите, но не и, како што кажа Русковска, „наркобосовите“.

„Што се однесува до криминалната група од Гази Баба, извршени се претреси на девет места, од кои осум лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага. Можам да ви кажам дека од двете групи се одземени повеќе од 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари, 500 франци. Што се однесува на пронајдената наркотична дрога, ќе ви кажам дека е околу 5 кг мархуана и некаде околу 600-700 грама кокаин. Сè уште не се извршени вештачења. Најголем дел од парите и дрогата се најдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец бидејќи според посебните истражни мерки, кои се завршуваат денеска, а кои се однесуваат на овие шест лица по кои се трага, имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена. Таму за каде што имавме сознанија дека има дрога, беше исчистено. Тука на три локации се пронајдени некад околу 100 грама кокаин. Без разлика на количината, обвинителството располага со цврсти докази за сите лица за кои е издадена наредба за спроведување истражна постапка. Од самиот почеток знаевме дека нема да успееме да најдеме поголема количина дрога. Одземени се само три возила, и тоа две од Грчец и една од Гази Баба. Со тоа што најлуксузните возила кои ги поседуваат водачите на Грчец беа сокриени, што значи дека негде се пронајдени само клучеви, некаде ни тоа“, додаде Русковска.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања