Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште за случајот „Рекет“ го повика првоосмничениот во тој случај Бојан Јовановски да ги пријави во полиција доказите за корупција кои тврдеше дека ги има за неа.
„Го охрабрувам секој кој има за кого било да пријави во полиција. Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата“, рече Русковска.
Инаку Бојан Јованосвки кој е првоосомничен во случајот „Рекет“, кажа дека има неосборливи докази против обвинителката Русковска, за криминал од 4 милиони евра.
Каде да ја го пријавам лицето Вилма Рускоска? Кај Вилма Рускоска?, праша Јовановски.
-Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?, праша обвинетиот Јовановски.
фото: Архива