Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Русковска да го повика Заев да даде исказ за „Рекет“, бара ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-katica-mickoski

„Зоран Заев е повторно фатен во криминал. Секој ден се повеќе се гледа неговата улога во рекет. Со секој изминат ден се потврдува дека тој е главата на криминалниот октопод.

Записникот од исказот на еден од сведоците во случајот Рекет потврдува дека Заев ја попречувал истрагата за случајот, со тоа што второосомничениот Зоран Милевски го известил дека сведокот го пријавил рекетот во обвинителството. Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата и на страна на рекетарите.

— реклама —

Овој исказ е доволен Заев да биде повикан на распит во обвинителството. Аболицираниот Заев е на чело на оваа рекетарска банда, единственото прашање кое остана неодговорено е колкав дел од колачот земал тој, односно колку милиони од скапите чанти завршиле во неговата канцеларија на Илинденска бб.

— реклама —

Паничните реакции на главата на октоподот и обидите за цензурирање на медиумите нема да успеат. Македонската јавност го гледа криминалното лице на Зоран Заев. Рускоска по ваквиот исказ на сведокот, најмалку што требала да направи е да го повика Зоран Заев да даде исказ во обвинителството, но наместо тоа Рускоска по стапките на Заев се закани на медиумите кои го објавија овој документ. Со ова Рускоска докажува дека е соучесник во криминалниот октопод на СДСМ.

— реклама —

Правдата ќе биде задоволена, а вистината ќе победи. Деновите на Заев во премиерската фотелја се избројани. Со секоја негова панична изјава, тоне се подлабоко и подлабоко“, пишува во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања