Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска преку тужба за клевета бара 10 000 евра отштета од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ги користеше нејзиното име и лик во предизборната кампања.
Русковска денеска истакна дека доколку ја добие тужбата, ќе ги донира парите во СОС Детското село.
„Јас прво побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната кампања. Тоа не се случи и од тие причини преку адвокат ја поднесов тужбата. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село затоа што сметам дека во оваа пандемија може малку и се заборави на оваа институција, а знам дека тие опстануваат од донации“,изјави Русковска.