Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Русковска: Kлучниот лик на „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva-ruskovska

„ По Јанева заедно со ‘Чарлиевите ангели’, најголемиот дел од нас ги издигнавме на највисокиот пиедестал во една држава, а тоа е пиедесталот за борба за правда и правичност. Од тие кои ги поддржувавме, доживеавме разочарување кога клучниот лик на ‘Чарлиевите ангели’ премина на страната на злото”, истакна на почетокот од својот завршен говор за „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска.

— реклама —

Таа за Камчев и „Империја додаде:

— реклама —

„Кога Камчев дојде во обвинителството и кажа што се случувало, мислев дека се наоѓам во лош сон. Износите на пари кои се барани повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве”, истакна Русковска.

Пред да почне рочиштето, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, реагираше дека член на судечкиот совет е со изминат мандат. Но, после кратка пауза судијката Васка Николовска-Масевска, достави доказ дека на наведениот судија поротник мандатот му започнал во јули 2018, а не како што тврдеше адвокатот Сашко Дуковски, дека мандатот му почнал од декември 2015.

— реклама —

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања