Русковска не е задоволна од изречените казни, најави дека ќе ги обжалат двете пресуди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ruskovska

Обвинителката Вилма Русковска, која го водеше предметот „Рекет“ и го поднесе обвинението до судот, не е задоволна од изречената казна за осудениот Бојан Јовановски, кој доби 9 години затвор, потенцирајќи дека очекувала да биде осуден над 10 години. Русковска најави жалби за двете пресуди.

— реклама —

„Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева, очекував помеѓу седум и осум години. Тоа беа моите очекувања, а што се однесува до осудениот Бојан Јовановски, апсолутно не сум задоволна. Реално не очекував под 10 години казна затвор. Жалба ќе има за двајцата, од повеќе причини. Ќе видиме што ќе каже Апелацискиот суд. Дали ги задоволив очекувањата на јавноста, ќе треба да каже јавноста, не можам јас да кажам во нивно име“, рече Русковска.

Според неа, најголемиот дел од милионите земени од Орце Камчев завршиле во џебовите на Јанева и Јовановски.

— реклама —

„Најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување. Со оглед на  сè што си купувал, а без никаков приход, а и самите знаете, бидејќи вие доаѓате од медиумски куќи, колку чини финансирање  на медиумска куќа на месечно ниво, особено што во тоа време, под договор на дело, кај него беа доста истакнати новинарски имиња“, додаде Русковска.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања