Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Русковска откри каде е милионот на Камчев, а функцијата ќе ја напушти ако тоа го направи Јовески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ruskovska-ruskoska-jvevski-joveski

Запрашана каде завршила торбата со милионот земен од Орце Камчев, обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ во емисијата „Што не е јасно“ го запраша новинарот „Вас ве интересира за торбата или парите“, на што тој одговори „Парите“. Почна со анализа на трошоците, зборуваше за најдени фискални сметки, но и за автомобили купени од Јовановски.

— реклама —

„148 илјади евра потрошени во продавници во Италија со мајка му. За тоа најдовме фискални сметки. Телевизија е скапа играчка. Јас знам дека тоа чини од 60 до 80 илјади евра месечно. Поготово, знаете кој калибар на новинари... Па сигурно, тие не седеле во таа телевизија зошто многу го сакаат и почитуваат Бојан Јовановски. Потоа еден џип, втор џип, трет џип. Добро, на лизинг ама и тој треба да се плаќа“, рече Русковска.

Запрашана дали ќе ја напушти функцијата прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција и ќе биде адвокат, Русковска рече: „Не, не е точно. Но, доколку позицијата ја напушти Љубомир Јовески ја напуштам и јас“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања