Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Русковска треба да биде новата Катица, ВМРО-ДПМНЕ сака свој човек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva

Компромис меѓу политичките партии за да се овозможи двотретинско мнозинство треба да има, но не по секоја цена, смета Заев.

„Јас се надевам дека никој не го прави ова за да го забошоти и да го заштити криминалот.  Тоа нема да го дозволиме – компромис треба, но да не ги поминеме црвените линиии. СЈО мора да има иднина, предметите на СЈО, истрагите и предистрагите мораат да имаат иднина. Иднината треба да ја одлучи правосудниот систем, обвинителите и судиите, а не ние политичарите, “, изјави Зоран Заев – претседател на Влада.

— реклама —

Откако вчера министерката за правда Рената Дескоска рече дека постои можност за продолжување на постапките на СЈО преку измени во друг закон кој се носи со просто мнозинство, пратениците од опозицијата го окарактеризираа како невладеење на правото. Денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини за пресметка со политичките опоненти.

— реклама —

Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и суштински важните, па затоа ќе се сконцентрираат на клучните забелешки.

— реклама —

Предметите што досега ги покрена СЈО се во еден од нив. ВМРО-ДПМНЕ бара сите тие што беа покренати да бидат префрлени во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, а освен тоа, новиот шеф да може да отвори истрагата и по допрен глас, да обезбедува докази и да ја води процедурата во случаи што досега не беа отворени. Втората крупна разлика во поимањето на законот за обвинителство меѓу власта и опозицијата се статусот на останатите обвинители во СЈО, со исклучок на притворената Катица Јанева, чиј мандат и онака ќе завршеше на 15 септември. ВМРО-ДПМНЕ бара тие да се вратат во матичните обвинителства од каде што дојдоа во СЈО, а потоа да конкурираат за место во новоформираното обвинителство.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања