Поранешниот обвинител и актуелен адвокат, Воислав Димоски, го искоментира разрешувањето на ексшефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Тој смета дека таа требало да биде разрешена уште кога го покренала обвиението за случувањата во Собранието на 27 април.
„Моето мислење за Рускоска го имам кажано во повеќе наврати и во различни форуми. Ако за нешто требаше да биде разрешена е за начинот на кој постапуваше во случајот „27-ми април“ и не само разрешена! Околноста пак што е разрешена за претрес извршен со судска наредба повеќе зборува за капцитетот и моралната кичма на оние што едногласно гласале за нејзиното разрешување. Никогаш нема да изградиме правосуден систем дури не се исчистат редовите од конформисти, медиокритети и послушници“, напиша Димоски.
Инаку, Русковска денеска беше едногласно разрешена.
Вилма Русковска повеќе не е обвинител, ја разреши Советот на обвинители
Вилма Русковска повеќе не е обвинител, членовите на Советот на јавни обивнители ја разрешија. Тие ја потврдија одлуката по отворената дисциплинска постапка против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Одлуката беше донесена едногласно од сите членови.Предлогот за разрешување дојде откако ексдиректорот на Управата за финансиска полиција поднесе претставката до дисциплинската комисија при Обвинителството, за претресот извршен во неговите канцеларии.Русковска пак, тврдеше дека е суспендирана со предлог за разрешување бидејќи отворила истрага против Рашковски.
Македонија | пред 2 години