Русковска тврди дека ги разоткри криминалите на Рашковски, а тој и порача: Ме инспириравте

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
273954690_647969942956658_9051804980654957228_n

Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го гони ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други обвинети, дека ја оштетиле државната каса. Таа тврди дека Рашковски набавил софтвери кои не биле потребни и не се употребиле, како и камери и пултови кои не се ниту во Владата. Од друга страна, склучувал договори со хонорарци кои не работеле, а дел од нивните примања кои ги давала Владата, ги земал за него во кеш. Според Русковска, со сите пари кои Рашковски ги земал, а биле нелегални си купувал предмети, исплаќал кредит.

— реклама —

„Секој граѓанин е должен да обезбедува дел од својот приход, а народот очекува рационално да ги троши нивните пари. Ќе го увериме судот дека Драги Рашковски како генерален секретар на Владата нерационално, неекономично и непродуктивно ги трошел народните пари за набавка, кабини, софтвери, камери, кои не се користат и три години по нивното набавување. Некои од нив не се наоѓаат ниту во Владата. Ќе докажеме дека Рашковски ја злоупотребувал функцијата за свои цели. Тој стекнал имот и предмети без да троши пари од својата трансакциска сметка. Обвинетиот Рашковски враќал предвремено кредити, купувал имот од наводни позајмувања, но Обвинителството ќе докаже дека тоа се наводни позајмувања, а не легални“, рече Русковска.

— реклама —

Рашковски се негираше.

— реклама —

„Обвинителката ме инспирира со теориите, па да кажам и јас со теории. Теоријата на случај што Обвинителството ја кажа дека нема потреба за набавка – многу е опасна. Оној што треба да утврди дали нештото е законски или незаконски наспроти тоа постоењето рационално трошење на средствата, е Собранието, кое на крајот ја усвојува завршната сметка. Во завршната сметка, помеѓу другите работи на Генералниот секретаријат, ги имате и овие набавки што се предмет на денешното рочиште. Во таква ситуација ќе ви стане јасно зошто ние бевме држени во притвор – многу е тешко да најдете црна мачка во темна просторија, а уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Ние бевме држени во црнина бидејќи полесно е да се убедат судот и јавноста дека криминалот постои и дека е извршен, а ние заедно со Даниел бевме чувани за да не… А ние ќе докажеме дека црна мачка не постои. Барам од судот за секое судење да имаме пристап до телевизор или проектор, да имаме табла за да пишуваме и би сакал од вас една дозвола, бидејќи студентите тоа ќе го бараат, при изведување на доказите да дозволите присуство на студенти на судење бидејќи тоа го предавам и на факултет“, кажа Рашковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања