„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Русковска во завршното излагање: Торбата Луј Витон со парите на Орце Камчев завршила во домот на родителите на Боки 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ruskoska

Торбата Луј Витон со парите на Орце Камчев завршила во домот на родителите на Боки 13, тврди шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска. Обвинителката Русковска презентирајќи ги своите завршни зборови за случајот „Рекет“, објави фотографија со рачки од торба за која рече дека е „Луј Витон“ на тросед, за кој тврди дека е во домот на родителите на Боки 13.

— реклама —

-До таа фотографија имаше од вештачењето, точна локација каде е направена фотографијата. Не само што сум јас уверена, јас сметам дека и јавноста преку вас новинарите ќе биде уверена дека обвинетите ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар, изјави Русковска.

Коментирајќи ја улогата на Бојан Јовановски во „Рекет“, Русковска порача дека нема сомнеж дека Боки 13 ги земал парите од Орце Камчев, велејќи дека тој за „Империја“ знаел повеќе и од обвинителката која го водела процесот.  Адвокатот на Јовановски - Сашо Дукоски, реагираше на овие тврдење, според него објавување на овие матријали во момент е незаконско.

— реклама —

-Јавниот обвинител сметал дека тој доказ не му е релевантен, за сега на мала врата да се обидува да го протне тој доказ, чисто јавноста да види што е вратено, како е вратено. А притоа да се вадат само извадоци од 21.02, а не и 22.02, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена торбата во куќата на сведокот, сметам дека е сосема незаконски, изјави Дукоски.

Инаку во денешните завршни зборови обвинителката Вилма Рускоска се осврна и на тврдењата на Бојан Јовановски на претходните рочишта дека од семејството на текстописецот Марина Туцаковиќ земал пари за лекови пред да оди во Милано. Сопруг на Туцаковиќ - Фута Радуловиќ, во своето сведочење кажа дека Бојан му дал 150.000 евра за да купи лекови и гардероба за неговата болна сопруга.

Рускоска го поби ова тврдење. Според неа во една прилика Туцаковиќ му побарала пари и оти тврдела дека ќе му ги врати кога ќе и дојде некој поголем хонорар.

-Таа немала 5.000 евра а не па на Боки да му дава 150.000 евра-рече Рускоска.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања