Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Русковска за „А1он“: Мијалков требало да избега низ зелен појас од Куманово кон Србија и прва алармирала до Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ruskoska

Обвинителката Вилма Русковска е првата личност што добила оперативни сознанија дека Сашо Мијалков може да избега пред изрекувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“. Нејзините информации биле непотврдени, вели таа, па затоа не можело веднаш да се побара притвор. Русковска за „А1он“ вели дека нејзин извор ѝ кажал дека Мијалков ќе избега од државата преку зелениот појас на границата кај Куманово. Но, ова требало да го потврди и МВР. Агенцијата за национална безбедност за ова време немала никакви сознанија, ниту сомнежи. МВР, пак, оперативните сознанија не ги потврдило, ниту поткрепило, туку и ги вратило како документ со генералии од Мијалков за Обвинителството да може да бара притвор. Русковска за „А1он“ раскажа што се случувало во саботата и во неделата, како се одлучувало и постапувало во врска со барањето за притвор на Мијалков.

— реклама —

„Јас немам кристална топка за да можам да погодувам каде е и што е. Јас во саботата во 12.30 часот попладне му се јавив на министерот за внатрешни работи, а поврзано со оперативните сознанија што јас ги имам. Оперативни сознанија од мој извор. Му кажав сознанија што беа апсолутно непотврдени. Тој рече: ‘Добро Вилма, во ред, јас ќе разговарам со АНБ и ќе бидеме во контакт’. Некаде по 15:30 ми се јави и ми рече: ‘Можеш ли тоа написмено да ми го доставиш?’ Му одговорив дека можам. Јас отидов на работа, напишав и доставив. Тоа беа мои оперативни сознанија за кои немам потврда. Не знаевме колку се точни, тоа се оперативни сознанија. Околу 22.30 часот јас повторно добив известување од полиција, моето, само ми го препратија со генералии на Мијалков. И вели: ‘Да си постапувате’. Јас му се јавив на директорот на БЈБ и прашав дали АНБ има некакви сознанија, тој ми рече дека нема никакви сознанија за бегство на Мијалков. Следниот ден (недела) републичкиот обвинител ми рече: ‘Вилма, јави му се ајде на изворот, колку е информацијата точна’. Јас успеав околу пладне да го добијам изворот на телефон. Во разговор со него, од 1 до 10, сфатив дека околу 7 ми е веројатноста оти ќе избега. Кога ми се крена степенот на сознание, Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов отидоа да изготват предлог за притвор, дојдоа кај мене да удриме печат, известувањето од МВР и моето известување до МВР да ги приложиме до судот“, вели Русковска за „А1он“.

За тоа време Мијалков бил следен од полициски службеници. Проверени се и камерите во хотелот „Мериот“, каде што последен пат бил забележан, по што му се губи трага. Таму бил заедно со сопругата Александра. Но, кога го напуштил хотелот и со кое возило, засега не покажуваат ниту снимките, истакна Русковска за „А1он“

— реклама —

Текстот во целост на: „А1он“

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања