Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

RUSSIA BEYOND: Од 1 јануари гасот од „Турски поток“ ќе потече кон Македонија и Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
turski-tek

— реклама —
Бугарската страна е подготвена од почетокот на следната година од гасоводот „Турски тек“ да обезбеди транзитни испораки на гас за Грција и Македонија.

Ова го изјави извршниот директор на компанијата „Булгартранзитгас” Владимир Малинов во интервју за весникот „24 часа“, објави mk.rbth.com.

— реклама —

„Ние сме подготвени дури и ако од почетокот на годината преку Трансбалканскиот гасовод преку Украина биде запрен транзитот на руски гас. На 30 ноември Турција го направи „златното“ заварување што го поврза „Турски тек“ со нашиот гасовод „Балкански тек“. Веќе неделава „Балкантранзитгас“ почнува да ја полни со гас делницата на гасоводот долга 11-километри на својата територија, а Турција делницата од 140 километри. Ќе бидеме подготвени до 15 декември, а тие, се надевам, до 20 декември“, соопшти Малинов.

Директорот на бугарската компанија за гас рече дека поставувањето на цевките до границата со Србија на делницата на гасоводот „Балкански тек“ долга 308 км ќе биде завршено на 31 мај. Потоа испораките преку гасоводот ќе можат да се реализираат во количина од 8,75 милиони кубни метри гас дневно. Дотогаш гасот преку територијата на Бугарија ќе тече преку постојната гасоводна мрежа.

— реклама —

Новиот гасовод „Балкански тек“ преку територијата на Бугарија, долг 484 километри, треба да биде завршен до крајот на 2020 година.

Извор: mk.rbth.com

фото: Sputnjik

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања