Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-4

Христијан Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор, вели СДСМ

— реклама —

„Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто.

Со месеци Мицкоски бараше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди.

— реклама —

Сега, секој месец цената на гасот опаѓа и купувањето гас за пократки периоди се покажа како успешна одлука на Владата.

— реклама —

Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Ете колку познавање има Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе спротивно.

— реклама —

Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика, дека го бива единствено да шири лажни всти и деструкции“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања