Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

САД и Турција го засилуваат притисокот врз Ријад за исчезнатиот новинар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
sad-tur

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изрази загриженост поради исезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција.

- Се надевам дека се ќе се среди. Во моментов никој не знае ништо. Се шират лоши гласини. Тоа не ми се допаѓа, изјави Трамп.

— реклама —

Претходно, американскиот сенатор Линдзи Греам ја предупреди Саудиска Арабија дека ако информациите за наводното убиство на новинарот се покажат како точни, тоа ќе има „разурнувачки“ последици врз односите меѓу Вашингтон и Ријад.

— реклама —

Саудискиот новинар Кашоги исчезна на 2 октомври, откако дошол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул поради обезбедување документи кои му биле потребни за склучување брак. Од тогаш му се губи секаква трага.

— реклама —

Турските власти обвинувааат дека Кашоги најверојатно бил убиен во Конзулатот и подоцна неговото тело било изнесено од зградата и однесено на непозната локација.

- Полицијата во своите први заклучоци смета дека новинарот бил убиен во Конзулатот од група што дошла во Истанбул со таква намера и се вратила истиот ден, наведе полициски извор.

Саудиска Арабија од своја страна ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека Кашоги го напуштил Конзулатот жив и здрав.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул треба да докаже дека Кашоги ја напуштил зградата.

- Тие имаат многу камери... ако го напуштил местото, зошто тоа не го докажат, изјави Ердоган.

За разлика од Турција, САД и другите саудиски сојузници засега се повнимателни во своите изјави и се воздржуваат од поостри коментари на сметка на властите во Ријад.

Кашоги, кој живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој во моментов е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада.

Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања