„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

САД испратија тешки бомбардери во Јужното Кинеско Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Американската Армија испрати бомбардери од типот Б-52 во Јужното Кинеско Море, со цел, како што соопшти Пентагон, да се подобри соработката со сојузниците и партнерите во регионот.

— реклама —

Ваквиот потег на Вашингтон, аналитичарите го оценуваат како порака упатена кон Кина, која има територијални спорови во водите на ова море со Филипините, Виетнам, Малезија и секако Тајван.

Кина неодамна го одби американското барање нивни воен брод да се вкотви во Хонг Конг, што се надоврза на зголеменото ниво на тензии меѓу двете земји.

— реклама —

САД ја критикуваат Кина за изградбата на вештачки острови во Јужното Кинеско Море, на кои потоа гради поморски и воздухопловни бази. Американскиот секретар за одбрана Џејмс Метис изјави дека, да не беа овие острови, прелетите на американските бомбардери ќе се сметаа за рутинска работа.

- Не сметам дека имаме суштинска промена во односите со Кина. Ние ги одржуваме односите меѓу нашите вооружени сили, а нивото на соработка може да биде нагорно или надолно, но остануваат стратегиските односи, за кои двете страни се согласни дека се потребни, изјави Метис.

Односите се влошени поради трговската војна која ја иницираше претседателот на САД, Доналд Трамп со воведувањето на царини за увоз на кинески производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања