Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

САДУ го повика синдикатот на УПОЗ и вработените во ФЗО во заедничка борба за пристојна плата и работнички права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sadu

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија – САДУ реагира на новонастанатата ситуација во Фондот за здравствено осигурување.

Ние како репрезентативен синдикат во институцијата ги подржуваме барањата на синдикатот на УПОЗ за поголеми плати и потпишување на нов колективен договор.

— реклама —

САДУ секогаш се залага за поголеми плати на вработените во јавниот сектор и бара поодлучнa и порадикална акција за остварување на правата на вработените во јавниот сектор, пред се, уставно загарантираното право – правото на заработувачка.

Ние нема да застанеме на бесконечни и бесцелни преговори туку напротив ќе преземеме радикални мерки, не исклучувајќи го и штрајкот.

— реклама —

Го повикуваме синдикатот на УПОЗ и сите вработени во ФЗО да истраеме заеднички во борбата за пристојна плата и пристојни работнички права.

— реклама —

Бидејќи вработените во ФЗОМ не земаа плата навремено, а исто така платата не беше навремено исплатена и во други институции, се надеваме дека во оваа ситуација нема скриена позадина, бидејќи Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, изјави дека доколку институциите не се ажурираат во Информациониот систем за пополнување со човечки ресурси, нема да земаат плата, за чие пополнување има еден или ниту еден извршител во рамките на институциите, се вели во соопштението од                        Синдикат на администрација и  државна управа на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања