Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

САДУ: Упатуваме најостра критика до раководството на МВР за изборот на дипломати за конзуларните претставништва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sadu

Македонскиот дипломатски синдикат упатува најостра критика до раководството на Министерството за надворешни работи за спроведената изборна постапка за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларни претставништва.

И покрај бројните укажувања на Синдикатот за воспоставување пракса ваквите упатувања да се вршат во соодветен период, вчера, на само една недела пред формирањето на техничката Влада, беше извршен избор на 18 дипломати и 2 административци. Покрај сомневања дека упатувања во предизборен период се лесно подложни на политизација, Синдикатот е на мислење дека ваквата постапка е крајно непринципиелна, имајќи предвид дека пред само две години, во слична ситуација, со обратно поставени улоги, беше стопирано упатувањето во странство на веќе избрани дваесетина дипломати, се вели во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.

— реклама —

За добро на македонската дипломатија, крајно е време да се престане со пракса на двоструки аршини и да се воспостават постојани правила на игра, без оглед на актуелната политичка коњуктура.

Македонскиот дипломатски синдикат ја критикува постапката за упатување и од формално-технички аспект, бидејќи раководството на МНР не одговори позитивно на барањето за учество и не дозволи наш претставник да учествува во изборот како член на Изборната комисија. Со ова нашите сомневања уште повеќе се поткрепија.

— реклама —

Уште еднаш укажуваме дека трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период во МНР – донесување нов Закон за надворешни работи, упатување дипломати и упатување амбасадори – треба да запрат и да продолжат по парламентарните избори, се наведува во соопштението од КСС.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања