Системот за интернетско гласање во Москва во текот на изминатата ноќ се најде на мета на сајбернапад среде парламентарните избори во Русија, изјави денеска претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „Интерфакс“.
Нападите сè уште траат, но ниту еден досега не бил успешен, изјави Памфилова, според наводите на руските државни медиуми. Гласањето на парламентарните избори во Русија започна вчера наутро, а трае до утре. Се очекува победа на владејачката партија Единствена Русија.
Критичарите изборите веќе ги нарекуваат нефер, а гласањето во голема мера се смета за своевиден референдум за продолжувањето на руската инвазија на Украина, која навлезе длабоко во петтата година. Путин изборите ги нарече „заеднички придонес кон победата на Русија“ против Украина.
Единствена Русија, која е на власт повеќе од 20 години, очекува двотретинско мнозинство и покрај тешката економска криза, заморот од војната и незадоволството на дел од јавноста. Меѓу нејзините кандидати има и десетици воени ветерани.
На изборите учествуваат десет партии, а сите ги поддржуваат клучните политики на Путин и војната во Украина. Единствената регистрирана партија која отворено се противеше на војната, либералната Јаблоко, е отстранета од националната изборна листа со одлука на рускиот Врховен суд. Сепак, некои нејзини кандидати и понатаму се натпреваруваат во поединечни изборни единици.
Право на глас имаат повеќе од 110 милиони луѓе. Тие избираат 450 пратеници во Државната дума, долниот дом на рускиот парламент. Половина од пратениците се избираат од партиски листи, а другата половина во поединечни изборни единици. Покрај изборите за Државната дума, во осум региони се избираат и пратеници во регионалните парламенти.
Русија првпат организира избори за Државната дума и во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, на што Украина се спротивставува. Гласањето се одржува и на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
(Видео) Путин гласаше преку интернет на изборите во Русија, снимката стана хит
Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласаше преку интернет на изборите за новиот состав на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент. Гласањето започна вчера и трае до недела, а се избираат сите 450 пратеници. Станува збор за првите парламентарни избори во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Право на глас имаат повеќе од 111 милиони гласачи, а овозможено е и електронско гласање, пишува АП.Кремљ објави снимка на која Путин седи пред компјутер во својата
Свет | пред 5 часа