„Сакаат да ја убијат Кожуф. Во тајна постапка, далеку од очите на народот, македонските алчни и безкорпулозни тајкуни прибавиле дозволи за изградба на две хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф“, велат Спас за Гевгелија.
Тие додаваат:
„Откако уништија се што може да се уништи во Македонија, сега се пуштија да го извадат срцето на Кожуф.
Реката Дошница е последната река во Македонија од која можете да пиете вода и која тече во нечепната природа налик на бајка. Неколку алчни лудаци одлучија да го уништат и оваа непроценливо природно богатство, за век и веков.
Хидроелектраните треба да се градат во месностите „Баров дол“ и „Папради“.
Народот од Кавадаречко, Неготинско, Демир Каписко, Гевгелиско, Валандовско, Богданско,...... на овие налудничави тајкуни им порачува:
НАПРАВИВТЕ 100 ХИДРОЕЛЕКТРАНИ. ОВИЕ ДЕФИНИТИВНО НЕМА ДА ГИ НАПРАВИТЕ.
НАРОДОТ ЌЕ ГО ЧУВА КОЖУФ. ЌЕ ГО ЧУВА ПО СЕКОЈА ЦЕНА.
ГОЛЕМ НАРОДЕН ПРОТЕСТЕН СОБИР НА КОЖУФ на 16.09.2023 година во 11:55 часот
ЌЕ СЕ СОБЕРАТ СИТЕ ШТО ЈА САКААТ ПРИРОДАТА , ШТО ГО САКААТ КОЖУФ, ШТО ЈА САКААТ МАКЕДОНИЈА.
Детали за собирот во наредните објави.
СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!!!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!“