СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г. (52) од село Цапари, битoлско и В.С. (53) од Битола поради постоење сомневање за сторено кривично дело „послужување во сужбата".
На 8 септември првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари.
Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта - подружница Битола, на 3 септември неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани.