Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Самка Ибраимоски: Оваа коалиција е на прав пат, ги зголемува платите, пензиите и социјалната помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Кога коалицијата предводена од СДСМ дојде на власт го најде буџетот како растурена сарма, и успеа буџетот го извади од интензивна нега и се почна да функционира, истакна претседателот на партијата за целосна еманципација на ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Велес.

Тој додаде дека оваа влада работи колку за три буџети, два украдени од ВМРО ДПМНЕ и еден од кој се зголемуваат платите, пензиите, социјалната реформа, а дури и претставникот на ВМРО ДПМНЕ Трајко Славески, признава дека проектот Скопје 2014 ја уништи државата, истакна Самка Ибраимоски.

Испитот го положивме пред Европката унија, сега ја чекаме оценката, исто како кога професор ќе рече дојди да ти ставам оценка по два месеци, рече Ибраимовски, чија партија е дел од коалицијата предводена од СДСМ.

— реклама —

Ибраимоски, истакна дека оваа влада ќе го реши проблемот со стечајците и сега 12 илајди стечајци добиваат помош до пензионирање под над 10 илјади денари.

— реклама —

Претседателот на ПЦЕР се заблагодари на вработување на Роми во локалната самоуправа во Велес и решавањето на комуналните проблеми со кои се соочува ромската заедница во Велес.

Мицкоски ништо не нуди, за образованието вели декаи ма договор од 2010 година, но не кажува зошто не го спровеле во изминатите 11 години, а ние знаеме како и ќе продолжиме така и по 12 април, заклучи претседателот на партијата за целосна еманципација на ромите Самка Ибраимовски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Велес, истакна Самка Ибраимоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања