Само 8 отсто од испитаните основни и 7 отсто од испитаните средни училишта се изјасниле дека онлајн наставата има предности, во истражувањето на тим на Народниот правобранител за ефикасноста на онлајн наставата од март до јуни. Останатите се изјасниле дека децата треба да се вратат на физичка настава, објави СДК.МК.
Во однос на прашањето: „Какви одговори добивте од учениците и нивните родители за ефектот од онлајн наставата?“ се известува за позитивни и негативни споделени мислења, но дека општо мислење на учениците/родителите е дека подобри ефекти има наставата која се реализира со физичко присуство во училиште.
Одговорите се дека онлајн наставата го нема истиот ефект како класичната, дека онлајн наставата делумно ги задоволува потребите на учениците, дека било напорно и создавало отпор кај учениците, дека учениците биле преоптеретени од премногу зададени задачи и дека како проблем се јавило усогласување на распоредот на часови со работното време на родителите.
Резултатите во извештајот на Омбудсманот покажуваат катастрофален со обидот од март до јуни да се одржува наставата електронски од далечина, што од неспремност на Бирото за развој на образованието кое постои за вакви случаи, што од немање технолошки ресурси, неможност на родителите да им помагаат на децата да учат од дома, како и од други фактори.Почетокот на учебната година, со одлука на Владата, одложен за 1 октомври.Текстот во целост на: СДК.МК.