Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Само Апасиев и неговиот заложник Мицкоски се против членството во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

По 17 години од добивањето на кандидатскиот статус и 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, ги започнавме преговорите за членство со ЕУ, вели СДСМ

— реклама —

„Европскиот пат е трасиран, повеќе нема надворешни пречки и блокади. Потврда се пораките на највисоките претставници на ЕУ и лидерите на земјите-членки, кои порачуваат дека посакуваат да ја видат Република Северна Македонија во ЕУ.

Владата предводена од СДСМ работи и се залага да го забрза процесот на преговори и 2030 година да стане реална и достижна цел за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

— реклама —

Единствената пречка на членството во ЕУ остануваат Апасиев и неговиот заложник Мицкоски.

— реклама —

Антиевропските и проруски Левица и ВМРО-ДПМНЕ остануваат закана по европската интеграција на земјава.

Иако им потонаа сите лаги и шпекулации за наводно продавање на јазикот и идентитетот, обидите за дестабилизација на државата со насилни протести против францускиот предлог, Левица и ВМРО-ДПМНЕ, за собирање ситни политички поени, не се откажуваат од блокирањето на евроинтегративниот процес.

— реклама —

На патот на напредокот и исполнувањето на стратешките цели на државата повеќе нема надворешни пречки, туку се испречуваат само домашни актери и внатрешни блокади и опструкции“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања